Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.143 тестирања, а има 37 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 20
- Кичево – 4
- Велес – 3
- Тетово и Виница по 2
- Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица по 1
Пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г), по 2 лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г).
Регистрирани се 69 оздравени пациенти од:
- Битола – 15
- Скопје – 13
- Струга – 6
- Кичево – 5
- Куманово – 4
- Охрид – 3
- Виница, Свети Николе, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Ресен по 2
- Велес, Тетово, Струмица, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица, Прилеп, Неготино, Делчево, Демир Хисар и Македонски Брод по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.