Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.028 тестирања, а има 361 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 166
- Прилеп – 41
- Битола – 30
- Кавадарци – 22
- Кочани – 14
- Куманово и Велес – по 12
- Тетово – 8
- Гевгелија – 6
- Неготино, Радовиш и Делчево – по 5
- Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4
- Струмица – 3
- Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2
- Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 4 од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од:
- Скопје – 182
- Битола – 37
- Прилеп – 32
- Куманово – 23
- Штип – 21
- Кавадарци – 20
- Гевгелија – 14
- Тетово – 13
- Струмица – 11
- Велес и Делчево – по 10
- Кочани – 8
- Крива Паланка – 6
- Берово и Охрид – по 5
- Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4
- Македонски Брод и Кратово – по 3
- Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2
- Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.