Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.162 тестирања, а има 353 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 174
- Прилеп – 42
- Битола – 27
- Кавадарци – 22
- Куманово и Велес – по 13
- Валандово – 9
- Охрид – 8
- Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6
- Тетово – 5
- Кочани – 4
- Свети Николе и Радовиш – по 3
- Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2
- Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 3 од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11-07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1) иа се на возраст од 71г до 88г. Од пријавените, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од:
- Скопје – 235
- Битола – 39
- Прилеп и Куманово – по 26
- Охрид – 20
- Кавадарци – 15
- Струмица – 13
- Кочани – 11
- Велес, Берово и Демир Хисар - по 7
- Радовиш и Штип – по 6
- Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4
- Тетово – 3
- Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2
- Валандово, Неготино и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.