Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.557 тестирања, а има 340 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 198
- Велес – 21
- Куманово – 17
- Прилеп – 16
- Битола – 14
- Кавадарци – 13
- Тетово – 10
- Гостивар и Ресен – по 8
- Гевгелија – 7
- Кичево и Радовиш – по 5
- Кочани – 3
- Неготино, Берово и Богданци – по 2
- Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 93г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 04.03.2022. Од пријавените 4 лица се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од:
- Скопје – 262
- Велес – 29
- Куманово – 28
- Прилеп – 25
- Битола – 24
- Кавадарци – 23
- Тетово – 22
- Гостивар – 21
- Ресен – 16
- Гевгелија – 12
- Кичево – 9
- Радовиш, Кочани и Неготино – по 7
- Берово, Богданци и Охрид – по 4
- Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар – по 3
- Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 2
- Струмица и Свети Николе – по 1
Вкупната бројка на КОВИД- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097 а бројот на активни случаи изнесува 2.248.