Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.425 тестирања, а има 336 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 169
- Велес и Струмица – по 21
- Куманово – 17
- Охрид и Кавадарци – по 15
- Битола – 14
- Штип – 13
- Кочани – 11
- Свети Николе – 10
- Прилеп – 6
- Тетово – 4
- Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3
- Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2
- Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 17 лица: по 5 од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 од Охрид (89г и 38г) и по едно од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од:
- Скопје – 118
- Штип – 14
- Кавадарци – 12
- Битола – 11
- Прилеп – 10
- Кичево – 9
- Велес – 8
- Кочани – 6
- Гевгелија и Ресен – по 5
- Кратово и Радовиш – по 4
- Неготино и Пробиштип – по 3
- Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2
- Тетово и Делчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337.