Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.543 тестирања, а има 335 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 179
- Прилеп – 31
- Битола – 16
- Кавадарци – 15
- Ресен – 12
- Велес и Охрид – по 10
- Куманово и Гевгелија – по 8
- Валандово – 7
- Тетово, Кичево и Радовиш – по 5
- Штип – 4
- Неготино – 3
- Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2
- Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 3 од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1) на возраст од 66г до 87г и се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 515 оздравени пациенти од:
- Скопје – 253
- Битола – 33
- Охрид – 26
- Прилеп – 25
- Делчево – 20
- Куманово – 19
- Берово – 17
- Велес и Струмица – по 14
- Кавадарци – 13
- Штип – 11
- Радовиш – 8
- Кочани – 7
- Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 6
- Богданци – 5
- Македонска Каменица – 4
- Кратово, Крушево и Пехчево – по 3
- Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2
- Виница, Пробиштип и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.