Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.022 тестирања, а има 333 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 206
- Гостивар – 33
- Куманово – 19
- Кичево – 13
- Струга – 10
- Струмица и Дебар – по 9
- Прилеп – 7
- Тетово, Кавадарци и Охрид – по 5
- Битола, Кочани и Свети Николе – по 2
- Велес, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 27 починати лица: 8 од Скопје (54г, 62г, 64г, 64г, 64г, 65г, 69г, и 70г), 4 од Гостивар (53г, 65г, 72г и 83г), по 3 од Тетово (60г, 70г и 76г), Куманово (67г, 72г и 73г), Кичево (68г,68г и 82г) и по едно починато лице од Струмица (68г), Дебар (84г), Прилеп (69г), Струга (71г), Битола (56г) и Свети Николе (55г).
Од вкупно пријавените, 3 лица се починати во домашни, а 24 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 367 оздравени пациенти од:
- Гостивар – 84
- Тетово – 66
- Скопје – 61
- Струмица – 30
- Куманово – 23
- Кичево – 19
- Охрид – 14
- Дебар – 11
- Прилеп – 7
- Струга и Битола – по 6
- Штип – 5
- Радовиш, Македонски Брод, Виница и Валандово – по 4
- Кавадарци, Кочани, Свети Николе, Велес и Ресен – по 3
- Крива Паланка – 2
- Неготино и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042.