Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.440 тестирања, а има 333 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 154
- Битола и Прилеп – по 23
- Кавадарци – 22
- Куманово – 16
- Охрид – 15
- Штип – 9
- Струмица – 8
- Велес – 7
- Тетово – 6
- Делчево и Валандово – по 5
- Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4
- Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3
- Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2
- Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 4 од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по 2 од Битола (33г и 86г), Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) по едно од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г),Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021. Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63г, невакцинирано и починато во болнички услови.
Регистрирани сe 376 оздравени пациенти од:
- Скопје – 135
- Битола – 34
- Прилеп – 31
- Кавадарци – 22
- Кочани – 18
- Велес – 16
- Крива Паланка – 14
- Куманово, Штип и Берово – по 12
- Гевгелија – 9
- Ресен – 8
- Тетово и Струмица – по 7
- Делчево – 6
- Кичево, Кратово и Богданци – по 5
- Виница и Пробиштип – по 4
- Охрид, Валандово и Македонска Каменица – по 2
- Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050.