Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.511 тестирања, а има 333 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 181
- Прилеп и Битола – по 25
- Охрид – 14
- Куманово и Струмица – по 8
- Велес и Кавадарци – по 7
- Кичево – 6
- Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5
- Штип – 4
- Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3
- Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2
- Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 од Велес (64г и 83г) и по едно од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1) на возраст од 1г до 86г. Од нив, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од:
- Скопје – 143
- Битола – 23
- Охрид – 17
- Кавадарци – 16
- Прилеп – 15
- Куманово – 13
- Струмица и Штип – по 9
- Валандово и Велес – по 8
- Неготино – 7
- Гевгелија – 6
- Кочани – 5
- Крива Паланка, Крушево и Свети Николе – по 4
- Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово – по 3
- Кичево – 2
- Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.