Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.777 тестирања, а има 33 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 13
- Куманово – 4
- Тетово, Охрид и Кичево по 3
- Прилеп и Радовиш по 2
- Битола, Штип и Дебар по 1
Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64г, 77г, 77г, 77г, 92г) и по едно лице од Виница (79г), Куманово (80г), Неготино (74г), Струмица (69г) и Тетово (76г).
Регистрирани се 92 оздравени пациенти од:
- Охрид – 41
- Скопје – 15
- Струга – 13
- Куманово – 6
- Битола – 5
- Гостивар – 3
- Кочани – 2
- Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.