Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.535 тестирања, а има 328 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 179
- Прилеп – 21
- Битола и Кавадарци – по 17
- Куманово и Велес – по 10
- Охрид и Кичево – по 9
- Ресен – 7
- Штип – 6
- Гостивар, Струга и Радовиш – по 5
- Гевгелија и Валандово – по 4
- Тетово и Кочани – по 3
- Струмица, Неготино и Свети Николе – по 2
- Крива Паланка, Дебар, Берово, Виница, Пробиштип, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (328), регистрирани се 65 реинфекциии.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Кичево (58г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Гостивар (1) и Струмица (1). Починатите се пријавени во период од 09.03. до 12.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 48г до 77г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај 3 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 237 оздравени пациенти од:
- Скопје – 131
- Битола – 14
- Прилеп – 13
- Кавадарци – 12
- Куманово и Велес – по 10
- Тетово – 8
- Охрид и Кичево – по 5
- Ресен, Гевгелија, Кочани, Неготино и Дебар – по 3
- Штип, Гостивар, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 2
- Радовиш, Валандово, Струмица и Кратово – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159, а бројот на активни случаи изнесува 1.921.