Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.740 тестирања, а има 327 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 159
- Кавадарци – 25
- Прилеп – 24
- Битола – 17
- Гевгелија – 13
- Охрид – 12
- Куманово – 9
- Свети Николе – 8
- Штип – 7
- Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово – по 5
- Кичево и Ресен – по 4
- Струмица, Кочани, Неготино и Крушево – по 3
- Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2
- Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 6 од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две од Прилеп (40г и 82г) и по едно од Битола (67г), Кавадарци (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1) на возраст од 57г до 88г. Од нив, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 325 оздравени пациенти од:
- Скопје – 171
- Кавадарци – 28
- Прилеп – 25
- Битола – 18
- Куманово – 13
- Кочани – 9
- Радовиш – 8
- Тетово и Штип – по 6
- Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар – по 5
- Велес и Кичево – по 4
- Струмица, Гевгелија и Кратово – по 2
- Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.