Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.660 тестирања, а има 324 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 110
- Куманово 44
- Охрид 18
- Струмица 17
- Прилеп и Тетово 13
- Штип 11
- Битола, Велес и Кичево по 10
- Свети Николе 9
- Кочани и Виница по 8
- Радовиш 6
- Гостивар и Дебар по 4
- Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по 3
- Струга, Неготино, Берово и Делчево по 2
- Пробиштип, Валандово и Демир Хисар по 1

Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (52г, 59г, 63г, 66г, 71г, 77г, 80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.
Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од:
- Скопје 575
- Куманово 76
- Прилеп и Кавадарци по 54
- Битола 53
- Велес 43
- Тетово 40
- Штип 36
- Крушево 27
- Гостивар 26
- Гевгелија и Неготино по 18
- Кочани 17
- Кичево 14
- Струмица 13
- Охрид 12
- Виница и Ресен по 11
- Демир Хисар 10
- Берово и Македонски Брод 9
- Струга 8
- Свети Николе и Делчево по 7
- Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија по 5
- Дебар и Богданци по 4
- Пехчево 3
- Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран 1
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.