Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.720 тестирања, а има 319 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 184
- Битола – 25
- Кавадарци – 23
- Куманово – 14
- Прилеп – 11
- Велес и Кичево – по 9
- Гевгелија – 7
- Охрид – 6
- Неготино и Делчево – по 5
- Кочани – 4
- Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар – по 2
- Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница – по 1
Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 59 реинфекции.
Регистрирани сe 258 оздравени пациенти од: Скопје – 148, Битола – 20, Охрид – 15, Прилеп – 13, Кавадарци – 9, Куманово – 8, Велес, Гевгелија и Струга – по 5, Кичево, Кочани, Тетово, Виница и Гостивар – по 3, Неготино, Радовиш, Струмица и Македонски Брод – по 2, Штип, Дебар, Пробиштип, Ресен, Крива Паланка, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од: Скопје (66г), починато во болнички услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.