Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.250 тестирања, а има 319 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 162
- Битола – 23
- Прилеп – 21
- Кавадарци – 20
- Куманово – 16
- Охрид и Гевгелија – по 10
- Кичево и Ресен – по 7
- Тетово – 6
- Велес, Струмица, Кочани, Радовиш и Богданци – по 4
- Гостивар и Свети Николе – по 3
- Делчево и Валандово – по 2
- Штип, Неготино, Крива Паланка, Берово, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1
Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 54 реинфекциии.
Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 23, Прилеп – 18, Куманово – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 6, Тетово – 5, Гостивар – 4, Гевгелија, Штип и Неготино – по 3, Струмица, Кочани и Демир Хисар – по 2, Богданци, Кратово, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица, од Скопје (69г и 71г), починати во болнички услови. Кај пријавените починати лица (2), се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.