Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.605 тестирања, а има 312 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 181
- Прилеп – 17
- Битола и Кавадарци – по 13
- Куманово – 12
- Охрид – 11
- Велес и Гостивар- по 8
- Струмица – 7
- Гевгелија – 6
- Ресен – 5
- Штип – 4
- Тетово, Кичево, Берово и Кратово – по 3
- Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница – по 2
- Неготино, Дебар и Крушево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од:
- Скопје – 146
- Прилеп – 29
- Куманово – 18
- Битола и Велес – по 13
- Кавадарци – 12
- Ресен – 10
- Кичево – 8
- Гостивар и Тетово – по 6
- Струмица – 5
- Берово, Крива Паланка и Виница – по 3
- Штип, Кочани, Крушево и Македонски Брод – по 2
- Гевгелија, Кратово, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833.