Почетна » Новости » Актуелно » 310 новозаразени и 6 починати од коронавирус

310 новозаразени и 6 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.776 тестирања, а има 310 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 180
  • Битола – 29
  • Прилеп – 21
  • Охрид – 14
  • Куманово – 10
  • Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9
  • Гостивар – 4
  • Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3
  • Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2
  • Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица од: 2 починати лица од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица (6), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 355 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 198
  • Битола – 26
  • Кавадарци – 19
  • Охрид – 16
  • Прилеп – 12
  • Куманово – 11
  • Штип – 9
  • Велес, Делчево и Кичево – по 8
  • Неготино – 6
  • Гевгелија, Кочани и Демир Хисар – по 4
  • Тетово, Струмица и Ресен – по 3
  • Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка – по 2
  • Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица – по 1

Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.