Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направено е 1.601 тестирање, а има 3 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од Скопје.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г).
Регистрирани се 15 оздравени пациенти од:
- Скопје – 6
- Прилеп, Битола и Кичево по 2
- Тетово, Неготино и Виница по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.