Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.831 тестирања, а има 298 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 145
- Кавадарци – 23
- Прилеп – 17
- Битола – 14
- Кичево – 13
- Штип, Охрид и Струмица – по 9
- Куманово и Ресен – по 8
- Тетово – 6
- Гевгелија – 5
- Велес , Кочани и Радовиш – по 4
- Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3
- Делчево и Македонска Каменица – по 2
- Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: од Прилеп (60г), Велес (68г), Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г) и Охрид (55г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес (1) на возраст од 77г до 85г. од нив, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.
Регистрирани сe 335 оздравени пациенти од:
- Скопје – 165
- Битола – 25
- Кавадарци – 22
- Прилеп – 15
- Кочани – 12
- Куманово и Охрид – по 10
- Ресен и Радовиш – по 9
- Велес – 8
- Штип – 7
- Тетово, Крива Паланка и Делчево – по 6
- Демир Хисар – 5
- Берово – 4
- Кичево - 3
- Гостивар, Неготино и Македонска Каменица – по 2
- Струмица , Гевгелија, Виница, Пробиштип, Крушево , Македонски Брод и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.