Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.480 тестирања, а има 296 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 143
- Гостивар – 60
- Кичево – 23
- Струмица – 11
- Штип – 10
- Тетово – 9
- Куманово – 8
- Струга – 6
- Охрид – 5
- Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3
- Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2
- Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1
Пријавени се 8 починати лица: 3 од Гостивар (54г, 69г и 78г), по 2 од Струга (69г и 74г) и Тетово (44г и 51г) и едно лице од Кочани (74г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од:
- Тетово – 42
- Скопје – 33
- Гостивар – 12
- Куманово – 6
- Кавадарци – 4
- Струмица – 3
- Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2
- Велес – 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.