Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.410 тестирања, а има 292 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 140
- Битола – 21
- Куманово – 18
- Велес – 16
- Прилеп – 14
- Тетово – 13
- Кавдарци – 12
- Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 5
- Виница – 4
- Струга и Демир Хисар – по 2
- Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија– по 1
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 45 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.
Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 303 оздравени пациенти од:
- Скопје – 168
- Куманово – 25
- Битола – 15
- Кавадарци – 14
- Тетово – 13
- Велес – 11
- Прилеп – 8
- Гостивар, Кичево и Крива Паланка – по 5
- Струмица, Гевгелија и Дебар – по 4
- Штип, Кочани и Сруга – по 3
- Неготино, Свети Николе, Берово и Ресен – по 2
- Охрид, Виница, Демир Хисар, Валандово и Богданци – по 1
Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.398, бројот на оздравени пациенти е 289.064, на починати е 9.104 а бројот на активни случаи изнесува 2.230.