Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.667 тестирања, а има 285 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 110
- Битола – 30
- Прилеп – 24
- Кочани – 20
- Велес – 17
- Куманово – 16
- Тетово – 10
- Кавадарци – 9
- Гевгелија – 8
- Неготино – 7
- Ресен – 5
- Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4
- Демир Хисар и Пехчево – по 3
- Богданци – 2
- Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по 2 од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно од Берово (79г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Тие се од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од:
- Скопје – 119
- Кавадараци – 26
- Штип – 25
- Битола – 24
- Куманово – 22
- Кочани – 21
- Велес – 18
- Неготино – 12
- Прилеп и Берово – по 8
- Делчево – 7
- Гевгелија, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5
- Демир Хисар и Радовиш – по 4
- Кичево – 3
- Ресен и Охрид – по 2
- Богданци, Кратово и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.