Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.720 тестирања, а има 276 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 130
- Битола – 35
- Прилеп – 17
- Охрид – 14
- Куманово – 13
- Штип – 10
- Кавадарци – 9
- Струмица – 7
- Крива Паланка – 6
- Тетово – 5
- Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4
- Велес и Ресен – по 3
- Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2
- Гостивар, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 од Скопје (82г и 82г) и по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г) и Демир Хисар (55г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од:
- Скопје – 111
- Битола – 35
- Прилеп – 22
- Кавадарци – 18
- Штип – 9
- Велес – 8
- Куманово и Делчево – по 7
- Кочани и Ресен – по 6
- Берово, Виница и Кратово – по 3
- Свети Николе – 2
- Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301, бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.