Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.449 тестирања, а има 269 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 142
- Битола – 17
- Охрид –16
- Кавадарци и Струмица – по 14
- Прилеп – 13
- Велес – 9
- Штип и Ресен – по 7
- Валандово – 5
- Тетово и Крива Паланка – по 4
- Гевгелија и Неготино – по 3
- Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2
- Свети Николе, Берово и Крушево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 2 од Скопје (73г и 84г) и по едно од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година. Тие се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1) на возраст од 57г до 93г. Од нив, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица во домашни услови.
Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од:
- Скопје – 165
- Прилеп – 30
- Битола – 29
- Кавадарци – 24
- Куманово – 12
- Охрид – 11
- Радовиш – 10
- Велес – 9
- Струмица и Валандово – по 7
- Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6
- Кочани – 5
- Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3
- Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.