Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.866 тестирања, а има 26 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 13
- Тетово – 5
- Гостивар – 3
- Кичево – 2
- Куманово, Прилеп и Штип– по 1
Нема починати пациенти, а се регистрирани 8 оздравени лица од:
- Струмица – 3
- Куманово и Тетово по 2
- Скопје – 1
Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 225.