Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.561 тестирања, а има 242 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 173
- Прилеп – 12
- Битола – 10
- Кавадарци – 9
- Куманово – 6
- Гевгелија – 5
- Велес – 4
- Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3
- Кочани и Делчево – по 2
- Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 од Скопје (71г и 87г) и по едно починато лице од Кавадрци (84г), Охрид (72г), Струга (74г) и Ресен (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од:
- Скопје – 101
- Битола – 19
- Прилеп и Струмица – по 15
- Охрид и Валандово – по 11
- Тетово – 10
- Куманово и Ресен – по 9
- Кавадарци – 8
- Велес и Кочани – по 5
- Крива Паланка и Виница – по 4
- Кичево, Штип, Радовиш и Македонски Брод – по 3
- Гевгелија и Пробиштип – по 2
- Струга, Свети Николе, Кратово, Богданци и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.817.