Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 953 тестирања, а има 23 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 19
- Прилеп – 2
- Гостивар и Свети Николе – по 1
Од вкупниот број на позитивни (23), регистрирана е 1 реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Охрид (80г), починато во болнички услови со коморбидитети.
Регистрирани сe 190 оздравени пациенти од:
- Скопје – 108
- Битола – 23
- Кавадарци – 13
- Гевгелија – 9
- Прилеп – 7
- Велес – 6
- Куманово – 5
- Ресен – 4
- Струмица и Кичево – по 3
- Тетово, Штип, Кочани и Пробиштип – по 2
- Свети Николе – 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211.