Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.853 тестирања, а има 23 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 9
- Куманово и Прилеп по 3
- Струмица и Кичево по 2
- Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш по 1
Пријавени се вкупно 4 починати лица: 3 лица од Скопје (76г, 76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г).
Регистрирани се 32 оздравени пациенти од:
- Скопје – 13
- Радовиш – 4
- Битола и Кратово по 3
- Прилеп – 2
- Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451