Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.595 тестирања, а има 227 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 128
- Куманово – 15
- Прилеп – 12
- Штип – 11
- Крива Паланка – 9
- Кавадарци – 8
- Битола и Свети Николе – по 6
- Охрид, Струмица и Неготино – по 5
- Велес и Пробиштип - по 4
- Тетово – 3
- Гевгелија – 2
- Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 6 од Скопје (75г, 75г, 70г, 76г, 64г и 64г) и по едно од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од нив, 14 се починати во болнички услови, а едно лице е починато дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Лицето е на возраст од 82 години, од Охрид, а починало во домашни услови.
Регистрирани сe 111 оздравени пациенти од:
- Куманово – 27
- Гостивар – 15
- Охрид – 12
- Штип – 10
- Прилеп – 7
- Битола – 6
- Скопје – 5
- Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4
- Кичево и Кратово – по 3
- Велес, Радовиш и Берово – по 2
- Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.