Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.358 тестирања, а има 21 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 13
- Тетово – 5
- Гостивар, Струмица и Дебар по 1

Нема починати, а регистрирани сe 2 оздравени пациенти од Скопје.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.