Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Кичево – 6
- Скопје и Тетово по 4
- Прилеп – 2
- Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид по 1
Пријавено е 1 починато лице: од Куманово (72г).
Регистрирани се 7 оздравени пациенти од:
- Скопје – 4
- Кичево – 2
- Струмица – 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.