Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.227 тестирања, а има 21 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 11
- Скопје и Куманово по 3
- Струга – 2
- Гостивар и Штип по 1

Не се регистрирани починати пациенти, а има 7 оздравени лица од:
- Скопје и Куманово по 2
- Битола, Тетово и Кичево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.