Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.986 тестирања, а има 201 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 111
- Битола – 27
- Кавадарци – 19
- Прилеп – 7
- Куманово, Кичево и Кочани – по 5
- Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3
- Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2
- Велес, Гостивар, Радовиш, Дебар и Кратово – по 1
Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице од: по едно од Куманово (75г) и Тетово (83г). Двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Охрид (1), Гостивар (1) и Виница (1), на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 гоидна. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од:
- Скопје – 151
- Битола и Кавадарци – по 14
- Тетово – 11
- Прилеп – 9
- Куманово – 7
- Кочани и Охрид – по 5
- Кичево , Велес, Гостивар и Неготино – по 4
- Штип – 3
- Гвегелија, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 2
- Радовиш, Дебар, Струга ,Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715.