Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.353 тестирања, а има 2.051 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 1.027
- Битола – 170
- Прилеп – 107
- Куманово – 86
- Струмица – 55
- Тетово – 49
- Охрид – 48
- Штип – 47
- Кавадарци – 45
- Гостивар и Кочани – по 43
- Гевгелија – 39
- Кичево – 34
- Велес – 32
- Радовиш – 30
- Струга – 24
- Делчево – 22
- Свети Николе – 21
- Ресен – 19
- Неготино – 15
- Кратово – 14
- Валандово – 12
- Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10
- Крива Паланка и Крушево – по 8
- Демир Капија – 6
- Пехчево – 5
- Пробиштип – 4
- Македонска Каменица – 3
- Македонски Брод – 2
- Дебар, Виница и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (2.051), регистрирани се 276 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: по 2 под Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од:
- Скопје – 473
- Битола – 47
- Куманово – 39
- Охрид – 30
- Кавадарци – 29
- Прилеп – 27
- Гостивар – 18
- Велес – 13
- Струга – 9
- Гевгелија – 8
- Штип – 7
- Струмица, Делчево и Ресен – по 6
- Кочани – 5
- Радовиш и Виница – по 4
- Крушево и Пробиштип – по 3
- Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2
- Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, на починати е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498.