Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.119 тестирања, а има 2.019 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 968
- Битола – 150
- Кавадарци – 104
- Куманово – 75
- Тетово – 71
- Прилеп – 64
- Велес – 62
- Струмица – 61
- Гевгелија – 48
- Кочани – 45
- Охрид – 41
- Штип – 38
- Гостивар и Ресен – по 33
- Неготино – 31
- Радовиш – 27
- Струга – 26
- Кичево – 24
- Свети Николе и Делчево – по 18
- Валандово – 13
- Берово – 12
- Виница и Богданци – по 10
- Крива Паланка – 9
- Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5
- Кратово – 4
- Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2
- Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 70г, 85г и 85г), 3 починати од Прилеп (71г, 72г и 82г), 2 починати лица од Битола (84г и 84г) и по едно починато лице од Гостивар (72г), Охрид (81г), Кочани (70г), Свети Николе (79г), Струмица (78г) и Штип (78г). Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72г до 75г. Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 973 оздравени пациенти од:
- Скопје – 558
- Охрид – 87
- Битола – 70
- Куманово – 38
- Струга – 29
- Струмица – 26
- Прилеп – 25
- Кавадарци – 20
- Штип – 19
- Тетово – 15
- Гевгелија – 11
- Ресен – 9
- Кичево и Крива Паланка – по 8
- Гостивар – 7
- Велес, Радовиш и Крушево – по 6
- Дебар – 5
- Свети Николе и Берово – по 4
- Кратово – 3
- Кочани и Валандово – по 2
- Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.