Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.518 тестирања, а има 19 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 11
- Скопје – 8
Нема починати пациенти.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти од:
- Скопје – 2
- Прилеп и Тетово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 156.