Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.456 тестирања, а има 19 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 5
- Куманово – 3
- Гостивар, Кочани и Демир Хисар по 2
- Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино по 1
Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г).
Регистрирани се 26 оздравени пациенти од:
- Скопје – 8
- Куманово – 4
- Радовиш и Кратово по 3
- Штип – 2
- Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057.