Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.667 тестирања, а има 19 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 8
- Тетово – 5
- Куманово – 2
- Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар по 1

Нема починати, а регистрирани сe 9 оздравени пациенти од:
- Тетово – 5
- Скопје – 4
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.901, бројката на оздравени пациенти е 150.168, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 246.