Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.876 тестирања, а има 185 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 99
- Велес и Кочани – по 14
- Кавадарци – 12
- Штип – 11
- Свети Николе – 8
- Куманово – 6
- Охрид – 5
- Струмица – 4
- Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2
- Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 12 лица: 5 од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г и 79г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од:
- Скопје – 153
- Охрид – 98
- Струга – 73
- Куманово – 28
- Кочани – 19
- Велес и Штип – по 18
- Тетово – 17
- Кичево – 14
- Кавадарци – 13
- Битола – 12
- Струмица – 10
- Свети Николе – 7
- Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5
- Пробиштип, Берово и Валандово – по 4
- Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3
- Неготино, Ресен, Дебар и Делчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.