Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.362 тестирања, а има 183 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 135
- Кавадарци и Струмица – по 7
- Куманово – 6
- Гевгелија – 5
- Прилеп, Штип и Струга – по 4
- Гостивар – 3
- Охрид и Богданци – по 2
- Битола, Кочани, Неготино и Крива Паланка – по 1
Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 3 од Скопје (60г, 69г и 89г) и по едно од Куманово (65г), Кочани (45г) и Тетово (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (3). Починатите лица се на возраст од 68г. до 93г. Лицата за починати се пријавени во период од 23.02. до 26.02.2022. Сите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистриран сe 845 оздравени пациенти од: Скопје – 451, Битола – 49, Велес – 42, Кавадарци – 36, Прилеп – 34, Куманово – 30, Тетово – 27, Кичево – 20, Охрид – 19, Струмица и Гевгелија – по 17, Неготино – 14, Ресен – 13, Радовиш – 12, Струга, Гостивар и Кочани – по 9, Крива Паланка – 8, Штип – 7, Валандово – 4, Дебар – 3, Делчево, Берово, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Богданци, Свети Николе, Виница – по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.