Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.411 тестирања, а има 18 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 8
- Куманово – 5
- Кочани – 2
- Тетово, Крива Паланка и Кратово по 1
Пријавено е едно починато лице (61г) од Скопје.
Регистриран е 31 оздравен пациент од:
- Скопје – 11
- Виница – 3
- Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево по 2
- Струмица, Крива Паланка и Радовиш по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.