Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.798 тестирања, а има 18 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 11
- Тетово – 6
- Свети Николе – 1
Нема починати пациенти, а се регистрирани 7 оздравени лица од:
- Скопје – 3
- Битола, Струмица, Кичево и Берово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.