Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.470 тестирања, а има 18 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 4
- Тетово – 8
- Гостивар и Охрид по 2
- Радовиш и Дебар по 1

Нема починати, а регистрирани сe 5 оздравени пациенти од:
- Тетово – 3
- Скопје – 2
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236.