Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.483 тестирања, а има 172 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 107
- Охрид – 11
- Битола – 8
- Кавадарци и Штип – по 6
- Велес и Струга – по 5
- Струмица – 4
- Свети Николе и Кратово – по 3
- Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2
- Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 4 од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно починато лице од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистриран e 381 оздравен пациент од:,/p>
- Скопје – 145
- Битола – 42
- Куманово – 30
- Штип – 22
- Кавадараци – 21
- Велес – 20
- Кочани – 18
- Крива Паланка – 15
- Прилеп – 12
- Тетово – 10
- Кичево и Берово – по 8
- Свети Николе и Неготино – по 5
- Кратово и Делчево – по 4
- Охрид, Богданци и Радовиш – по 3
- Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331.