Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.873 тестирања, а има 16 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 4
- Скопје и Струмица – по 3
- Куманово – 2
- Прилеп, Гостивар, Охрид и Струга по 1
Не се регистрирани починати пациенти.
Има 4 оздравени пациенти од:
- Скопје – 2
- Куманово и Кратово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.