Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.309 тестирања, а има 156 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 91
- Кавадарци – 19
- Битола – 13
- Прилеп и Куманово – по 8
- Кочани – 3
- Струга – 2
- Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 326 оздравени пациенти од:
- Скопје – 135
- Куманово – 30
- Кавадарци – 23
- Штип – 21
- Битола и Крива Паланка – по 18
- Прилеп – 17
- Велес – 14
- Кочани – 11
- Тетово, Кратово и Неготино – по 6
- Пробиштип – 5
- Богданци и Виница – по 3
- Кичево и Гостивар – по 2
- Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859.