Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.179 тестирања, а има 155 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 113
- Кавадарци – 8
- Куманово и Битола – по 6
- Прилеп и Кочани – по 4
- Ресен – 3
- Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2
- Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица: 4 од Велес (84г, 83г, 72г и 69г), 3 од Скопје (68г, 63г и 50г), 2 од Куманово (67г и 64г) и по едно од Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82). Сите лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од:
- Скопје – 161
- Битола – 32
- Прилеп – 30
- Кавадарци – 29
- Кочани – 20
- Куманово – 17
- Тетово и Велес – по 14
- Штип и Крива Паланка – по 12
- Кратово – 6
- Пробиштип и Демир Хисар – по 5
- Охрид, Неготино и Делчево – по 4
- Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3
- Свети Николе и Берово – по 2
- Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.