Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.967 тестирања, а има 154 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 118
- Куманово – 12
- Кавадарци – 5
- Прилеп и Битола – по 3
- Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2
- Струмица, Виница и Кратово – по 1
Пријавени се 12 починати лица: 10 од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г и 53г) и по едно од Штип (84г) и Валандово (30г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од:
- Скопје – 179
- Тетово – 23
- Куманово – 22
- Струмица – 19
- Штип – 17
- Кавадарци – 15
- Кичево – 14
- Прилеп и Велес – по 12
- Кочани и Дебар – по 11
- Радовиш и Берово – по 9
- Битола и Ресен – по 7
- Свети Николе – 6
- Кратово и Гостивар – по 5
- Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4
- Неготино и Делчево – по 3
- Пехчево – 2
- Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.