Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.802 тестирања, а има 15 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Кичево – 5
- Скопје – 4
- Тетово – 3
- Прилеп, Охрид и Делчево по 1

Не се регистрирани нови починати лица.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:
- Скопје – 11
- Куманово, Гостивар и Кичево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.