Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.876 тестирања, а има 14 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 8
- Гостивар – 3
- Скопје – 2
- Струга – 1
Не се регистрирани починати пациенти, а има 2 оздравени пациенти од Скопје.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, бројката на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 184.